шопури | несв.

Тече, истекува во млаз, низ шопур, испуштајќи специфичен звук. Шопури бистрата вода од селската чешма.

шопурка | ж.

шопур. Чешма со две шопурки. Чешма со една шопурка.

шопурник | м.

Златен шопурник подвиткан како клун од птица

шора | несв.

шорне | св.

шорц | м.

Кратки, тесни женски панталони карактеристични во определени периоди (60-тите и 70-тите год. од XX век), познати како жешки панталони. Црвен шорц со цветови. Шорц од свила.

шота се | несв.

Се потсмева, се поигрува со другите; Момчето само се шота со маалските девојки.

шотало | ср.

Потсмевач, шегаџија, мајтапчија; тој што се поигрува и се мајтапи со други. Несмасно шотало. Во друштвото имавме и шотала.

шоу 1 | ср.

Театарска или телевизиска претстава, уметнички настан од забавен карактер (пеење, танцување). Музичко шоу. Шоуто на познатата македонска пејачка.

шоу- 2 | претс.

Како прв дел во сложенки за да означи уметничко-забавен карактер на нешто, пр.: шоу-бизнис, шоу-програма, шоу-настан, шоу-емисии, шоу-групи и сл.