шок-соба | ж.
Болничка соба за интензивна нега во постоперативна фаза на лекување.
шол | м.
Дел од бутот на крупна стока; Го издвои шолот за денешниот ручек.
шолја | ж.
Сад за течност (млеко, кафе и сл.); филџан, чаша. Шолја за млеко. Шолја за кафе.
Шоп | м.
Припадник на етногеографска група која е населена во дел од Западна Бугарија, Источна Србија и Североисточна Македонија.
шопа | несв.
Тече, истекува. Од раната шопаше крв.
шопинг | м.
Купување стоки за широка потрошувачка, обично на кратки патувања организирани за таа намена, прекумерно, непотребно и од задоволство. Отидоа на шопинг во странство. Саботни шопинзи во трговските центри.
шопинг-центар | м.
Поголем број продавници со различни стоки и за различни услуги сместени на едно место.
Шопка | ж.
Шоплак | м.
Област во Западна Бугарија, Североисточна Македонија и Источна Србија населена со Шопи.
шопне | св.
Протече, истече, излее течност од нешто. Водата ќе шопнеше од распуканото барде.