шоугерла | ж.

Танчерка во ноќен клуб. Разиграни шоугерли.

шоумен | м.

Тој што забавува, што организира уметничко забавна програма и изведува шоу. Познат шоумен.

шофер | м.

Возач како професија, занимање. Шофер во градски сообраќај. Шофер на камион. Искусен шофер.

шоферски | прид.

Што се однесува, што припаѓа на шофер. Шоферски испит. Шоферска кабина. Шоферски навики. Шоферски занает.

шоферство | ср.

Занимање на шофер.

шофершајбна | ж.

Дел од автомобил, предно стакло на возилото што штити од ветер.

шофира | св. и несв.

Управува со автомобил или со друго превозно средство од тој вид; вози. Шофира низ градот.

шошник | м.

Тоа што крепи, што прикрепува. Дрвен шошник.

шошница | ж.

Кошница. Неполна шошница.

шпага | ж.

Гимнастичка или балетска фигура кога телото е во седечка положба, а нозете се расчекорени, се отвораат под агол од 180 степени и оформуваат права. Правеше шпага на високата греда.