шпагети | и.
Исушено тесто, вид долги, тенки макарони. Три пакувања шпагети.
шпакла | ж.
Ѕидарско-молерска алатка, слична на лопатка што служи за нанесување малтер, гипс и сл. Лепилото се размачкува со пластична шпакла. Малтерот се нанесува и се мазни со метална шпакла.
шпалир | м.
Растенија засадени во редови со соодветен простор меѓу нив. Шпалири овошки со и без конструкција. Шпалир од лозови насади.
шпалирен | прид.
Што се однесува на шпалир_2 Шпалирна конструкција. Шпалирни системи. Шпалирни насади.
шпалта | ж.
Текст среден во определена форма, колона, отпечатен за коректура пред печатење. Шпалтите беа дадени на коректура. Коригирани шпалти.
Шпанија | ж.
Држава во Европа.
шпара | несв.
шпаргла | ж.
(бот.) Зелјесто градинарско растение, расте и диво, се користи како зеленчук; Asparagus officinalis. Диви и питоми шпаргли.
шпарта | несв.
Повлекува прави линии на некоја површина, обично на хартија. Тој го шпарташе листот со црвено пенкало.
шпартан | прид.
Што е обележан, исцртан со прави линии. Шпартани листови. Шпартано платно. Шпартана градина.