шпацира | св. и несв.

Потцрта, потцртува со испрекината линија. Таа ги шпацира деловите каде што е растегнат текстот.

шпациран | прид.

Што е испрекинат, потцртан со испрекината линија или изговорен испрекинато. Шпациран текст. Шпацирани букви. Шпациран дел од неговиот исказ.

шпајз | м.

Одделна просторија во домот каде што се чуваат прехранбени продукти, обично сместена до кујната. Тесен шпајз. Темни шпајзови.

шпедитер | м.

Превозник, доставувач, транспортер; лице или претпријатие што се занимава со превоз и достава на стоки. Тој е еден од најпознатите шпедитери во земјата.

шпедиција | ж.

Претпријатие што извршува шпедитерска дејност. Тој отвори сопствена шпедиција.

шпекула | ж.

Ситна шпекула.

шпекулант | м.

Тој што се занимава со шпекулации. Ситни шпекуланти. Искусен шпекулант.

шпекулативен | прид.

Што е добиен, пресметан со брза и лесна добивка. Шпекулативен трансфер. Шпекулативни пари. Шпекулативни дејности.

шпекулација | ж.

Финансиска трансакција, економска дејност при купување и продавање стоки и услуги за брза и лесна добивка. Насочена шпекулација. Успешна шпекулација. Деловна шпекулација.