шампион | м.
(спорт.) Победник, првак во спортски натпревар, во некоја дисциплина или во некој спорт; првенец, првак на државно, европско или светско првенство (во определена категорија или возраст).
шампионат | м.
Првенство, серија од натпревари во некој спорт. Шампионат во фудбал. Шампионати во сите спортови. Европски шампионат.
шампита | ж.
Вид слаткарски производ, колач од матена белка и тесто. Овде се најубавите шампити во градот.
шампон | м.
Козметичко средство за одржување хигиена на косата. Шампон за оштетена коса. Шампон за мрсна коса.
шан | м.
Достоинство, углед. Тој имаше шан, сите го почитуваа.
Шангај | м.
Град во Кина.
шангајка | ж.
Вид патики, удобни обувки за спортување. Црвени шангајки. Бели шангајки со зелени врвки.
шандало | ср.
шандан | м.
Свеќник. Сребрен шандан. Сите шандани гореа. Шестокрак шандан со црвени свеќи.
шанец | м.
Ров, окоп. Ископаа шанец длабок два метра.