шанк | м.

Долга, потесна маса во ресторан, кафеана, кафуле и сл. од која се служи пијалак, а може и храна; еден вид пулт. Работи на шанк. Летни шанкови. Собно бифе со шанк. Долг шанк со високи столчиња.

шанкер | м.

Угостителски работник кој работи на шанк. Шанкерите правеа убави коктели.

шанса | ж.

Можност, погоден, добар услов за извршување нешто, за успех во некаква дејност. Реални шанси. Втора шанса. Историска шанса. Единствена шанса. Убава шанса. Какви се шансите да успее? Има шанси да ја поправи оценката.

шансона | ж.

Лесно певлива песна, шлагер; популарна мелодија. Вечер на шансоните. Француска шансона. Македонски шансони.

шансониер | м.

Тој што пее, што интерпретира или компонира шансони. Познатиот француски шансониер, настапува во нашиот град.

шантав | прид.

Што е крив во нозете. Шантави нозе.

шанта се | несв.

Се тетерави, се движи де на една де на друга страна. Тој се шанташе по ходникот, потпирајќи се на ѕидот.

шантрав | прид.