шампањски | прид.

Што се однесува на шампањ

шампион | м.

(спорт.) Победник, првак во спортски натпревар, во некоја дисциплина или во некој спорт; првенец, првак на државно, европско или светско првенство (во определена категорија или возраст).

шампионат | м.

Првенство, серија од натпревари во некој спорт. Шампионат во фудбал. Шампионати во сите спортови. Европски шампионат.

шампита | ж.

Вид слаткарски производ, колач од матена белка и тесто. Овде се најубавите шампити во градот.

шампињон | м.

Вид габа, печурка со полутопчеста бела шапка, расте самоникнато, но се одгледува и плантажно; Agaricus. Чорба од шампињони.

шампон | м.

Козметичко средство за одржување хигиена на косата. Шампон за оштетена коса. Шампон за мрсна коса.

шан | м.

Достоинство, углед. Тој имаше шан, сите го почитуваа.

Шангај | м.

Град во Кина.

шангајка | ж.

Вид патики, удобни обувки за спортување. Црвени шангајки. Бели шангајки со зелени врвки.