Штип | м.
Град во Македонија.
штипалка | ж.
Дел од телото кај некои животни (рак и сл.), крак. Ракот ја фаќа храната со штипалките.
штипало | ср.
Тој што штипе.
штипе | несв.
Стиска, притиска со врвот на прстите или со некој предмет (клешти, штипалка и сл.). Тој ја штипеше за раката, а таа молчеше. Таа го штипеше детето по образите.
штипеж | м.
Силен притисок со врвот на прстите или со некој предмет. Сѐ уште ја чувствува болката од штипежот.
штипка 1 | несв.
Малку, нежно штипе,
штипка 2 | ж.
Дрвена, пластична и сл. направа за придржување алишта при сушење. Дрвени штипки. Шарена штипки. Алиштата беа закачени со штипки на јажето.
штипка 3 | ж.
Мало количество од нешто што може да се опфати со два-три прста, прстофат. Во тестото се става една штипка сол.
штиплив | прид.
Што штипе. Ветрот беше студент и штиплив.
штипне | св.
Стисне со врвот на прстите или со некој предмет. На секое минување тој ќе ја штипне по образот. Таа тајно го штипна за раката. Тој го штипнал со клештата за ногата.