штрков | прид.

Што му припаѓа на штрк. Штрково гнездо. Штрков пород. Р Штрково цвеќе – нарцис; Narcissus.

штркоцвеќе | ср.

Нарцис, штрково цвеќе; Narcissus. Девојчињата набрале штркоцвеќе.

штркулав | прид.

штрои | несв.

Отстрани полни жлезди на човек или на животно; Тие ги штројат нерезите.

штрпка | ж.

Поткршено место на сад или на некој друг прибор. Чашата имаше штрпки на неколку места.

штрпка | несв.

Откинува мало парче од нешто. Штрпкаше од лебот.

штрпне | св.

Откине, открши, одвои мало парче од нешто; Тој штрпна малку од парчето леб.

штрудла | ж.

Вид слатка пита. Штрудла со јаболка. Штрудла со вишни.

штрцне | св.

Испушти остар звук со забите со помош на течност или плунка. Штрцна со забите и ја плукна водата.