штука 1 | ж.
Слатководна риба грабливка; Esox lucius.
штука 2 | ж.
Тип германски воен бомбардер од Втората светска војна.
штука 3 | несв.
штукатер | м.
Тој што изработува штукатури. Искусни штукатери.
штукатура | ж.
Релјефна декорација, украс на фасада, на внатрешен ѕид и сл. Тавани со штукатура. Штукатури по ѕидовите.
штукне | св.
штукне | св.
Ненадејно исчезне, се изгуби. Децата негде штукнаа. Таа штукна низ продавниците.
штула | ж.
Дрвена патерица, протеза за една нога до коленото со која се овозможува движење. Имаше штула на левата нога.
штур | прид.
Празен, пуст, сиромашен. Штура земја. Штур одговор. Штура трпеза.
штура се | несв.
Се влечка, се шетка без определена цел и насока. Тие се штураа низ паркот. Таа се штура низ дома.