штрих | м.

Црта, линија. Палто со тенки штрихови.

штрк | м.

Преселна птица со долг, црвен клун и долги, црвени нозе; Ciconia alba. Штрковите заминаа. На врвот од стеблото имаше легло на штркови.

штрка | несв.

штркел | м.

Вид мува што ги напаѓа говедата, говедски штркел; Hipoderma bovis.

штркла | ж.

Висока жена или девојка, претерано висока. Штркла низаедна.

штркле | ср.

За човек нагласено слаб со долги тенки нозе како штрк. Сите браќа беа штрклевци. Најмалиот син беше возгордеано штркле.

штрклее | несв.

Панично бега од штркел. Штрклее добитокот.

штрклест | прид.

Што е нагласено тенок, висок и слаб, со нозе како на штрк. Штрклести нозе. Штрклеста снага. Штрклест врат. Штрклесто момче.

штркне | св.

За трева, стебло, прачка и сл. – изникне, израсне наеднаш и подаде дел од себе. Штркнаа првите пролетни цвеќиња. Штркна житото.