шумјак | м.
Ситна шума, мала гора. Зазеленет шумјак. Во шумјаците има секогаш дивеч.
шумка | несв.
Шумоли, шуми по малку или уште помалку. Шумкаше нешто во соседната соба.
шумка | ж.
Грмушка. Во шумката се криеше зајаче. Полето беше прошарено со шумки. Суви шумки. Тие се плашат од секоја шумка.
шумкар | м.
Назив за партизани од страна на бугарската власт за време на Втората светска војна. Планината е полна со шумкари.
шумлив | прид.
Што испушта или што создава шум, меурчиња при менување на агрегатната состојба; шумечки. Шумливи таблетки. Шумливи бонбони.
шумнат | прид.
Обраснат со шума, шумовит, пошумен. Шумнат предел. Шумнато стебло.
шумне | св.
Зашуми, испушти шум малку, краткотрајно. Нешто шумна во соседната соба. Тој шумна со весникот.
шумовит | прид.
Што е обраснат со шума, што има шума. Шумовит предел. Шумовите планина. Шумовити падини.
шумоглав | прид.
Несериозен, недозреан, со непромислени постапки; празноглав. Шумоглави момчиња. Шумоглавен сопатник.
шумоглави | св.