шумарски | прид.
Што се однесува на шумарШумарско куче. Шумарска куќа.
шумарство | ср.
Стопанска, индустриска и научна гранка која се занимава со одржување, одгледување, заштита, користење и управување на шумите.
шумарува | несв.
Врши дејност на шумар. Тој шумаруваше во истата општина.
шумее | несв.
Испушта звук – шум. Горите шумеат.
шумен | прид.
Што нагласено испушта шум, што шуми; бучен. Шумна гора. Шумна река. Шумни водопади.
шуменица | ж.
Душек направен од шума. Спиеше во шатор на шуменица.
шумечки | прид.
Шумлив, што прави, што испушта шум; шумлив. Шумечки таблети. Шумечки пијалак.
шуми | несв.
Испушта, издава шум. Во долината шуми надојдено поточе. Шумат брезите. Шумеа лисјата во налетот на ветрот.
шумка | несв.
Шумоли, шуми по малку или уште помалку. Шумкаше нешто во соседната соба.
шумка | ж.
Грмушка. Во шумката се криеше зајаче. Полето беше прошарено со шумки. Суви шумки. Тие се плашат од секоја шумка.