шумори | несв.
Издава едноличен, тивок звук, шумор; ромори, ромони. Во градината нешто шумори.
шумот | м.
Неопределен, едноличен звук, шум. Притаен шумот.
шумоти | несв.
шуми.
шумски | прид.
Што се однесува на шума1, што расте, што живее во шума. Шумско стопанство. Шумски јагоди.
шумски | прид.
Што се однесува и што припаѓа на шума. Шумски пожар. Шумско стопанство. Шумски отпадоци.
шумјак | м.
Ситна шума, мала гора. Зазеленет шумјак. Во шумјаците има секогаш дивеч.
шунд | м.
(книж.) Литература, книга, текст без уметничка вредност, книжевност за лесна забава и со комерцијална цел.
шунка | ж.
Специјално подготвен сувомесен производ од различни видови месо. Свинска шунка. Говедска шунка. Пилешка шунка. Чадена шунка.
шункарица | ж.
Полутраен колбас, специјално подготвено месо што наликува на шунка, а е со послаб квалитет. Шункарица во пластично црево.
шупа | ж.
Помошна просторија непосредно до живеалиште за сместување огрев, резерви од храна и сл. Тие имаат дрвена шупа во дворот. Ѕидана шупа. Голема шупа со мал прозорец од едната страна.