шупури | несв.

шура | м.

Роднинска врска: брат на жената во однос на нејзиниот маж. Шурата е најмал во семејството. Јас имам и баџанаци и шуревци.

шури | несв.

Отстранување влакна и пердуви кај животни (свињи, кокошки и сл.) со горење, со оган или со врела вода. Кожата од свињата ја шурат со врела вода.

шурка 1 | несв.

Бара, буричка, претура, пребарува. Шуркаше низ собата, но не најде ништо. Таа шурка по чантата за да најде шамивчиња.

шурка 2 | несв.

Блика, обилно тече, се излева во силен млаз. Шурка студена вода од селската чешма.

шурка 3 | ж.

Млаз, блик. Шурки студена вода. Две црвени шурки крв. Водени шурки. Светкави шурки оган ја нарушуваа темнината.

шурнајка | ж.

Жена на шура, шурнеа.

шурне | св.

Бликне, обилно потече во силен млаз. Од пукнатата цевка шурна вода. Од цистерната шурна нафта.