шункарица | ж.
Полутраен колбас, специјално подготвено месо што наликува на шунка, а е со послаб квалитет. Шункарица во пластично црево.
шупа | ж.
Помошна просторија непосредно до живеалиште за сместување огрев, резерви од храна и сл. Тие имаат дрвена шупа во дворот. Ѕидана шупа. Голема шупа со мал прозорец од едната страна.
шупелка | ж.
Народен дувачки музички инструмент (обично со шест дупчиња) направен од дрво во вид на цевка. Шарена шупелки. Брезова шупелка. Свирачи на шупелка.
шупелкав | прид.
Што е во форма на шупелка.
шуплив | прид.
Празен однатре. Шупливи коски. Шупливи трски. Шуплив заб. Шуплив даб.
шупливец | м.
Празноглав, прост, глупав човек. Вообразен шупливец.
шупливица | ж.
Дрво, растение што раѓа црвливи плодови. Јаболкница шупливица. Круши шупливици.
шуплика | ж.
(дијал.) Празно дрво, стебло подјадено однатре. Шупликите треба да се исечат.
шуплосан | прид.
Што е расипан, црвосан. Шуплосани јаболка. Шуплосани греди.
шуплоса се | св.
Се расипе, црвоса. Оревите се шуплосаа уште на стеблото. Забите ми се шуплосаа.