шурнеа | ж.

Жена на шура. Јас имам една шурнеа.

шурти | несв.

За течност (обично вода) – се излева насекаде со прскање. Водата шуртеше од сите страни.

шурува | несв.

Тајно се договара, соработува, подготвува нешто со некого. Тие шуруваа со нашите непријатели.

шустикла | ж.

Рачно изработена мрежеста ткаенина, тантела што служи за украс. Имаше неколку веленца и две шустикли изработени од бел конец.

шут 1 | м.

Забавувач, засмејувач, смешник; човек облечен во шарена облека што ги забавува другите со своите лудории, обично правејќи шеги на своја сметка; палјачо_2. Селски шут. Дворски шут.

шут 3 | м.

Отпад, смет, крш, градежен материјал од урнатини. Шутот го отстранија веднаш. Неупотреблив шут.

шут | прид.

За рогато животно – што е со оштетени рогови или без нив. Шут елен. Шута коза. Шут вол.

шутак | м.

Горна памучна облека отворена кај вратот и без ракави. Бел шутак.

шутар | м.

Поткршен, скршен сад (грне, бардаче) – шут сад, шута посатка. Немаше филџан како што треба, само шутари. Ми даде кафе во еден шутар.