шутарка | ж.

шутар.

шутира | св. и несв.

(спорт.) Во некои спортови (фудбал, ракомет, кошарка, ватерполо и сл.), насочи, насочува топка во определен простор, отфрли, отфрлува со удар со нога или со рака. Тој шутираше директно во мрежата на противникот. Таа одлично шутира со левата рака.

шутка 1 | несв.

Шутира по малку. Тој само ја шутка топката. Тие ги шуткаа книгите настрана за да ја ослободат масата.

шутка 2 | ж.

Поткршен сад, посатка; шутар, шутарка. Во шутките не ставај кафе за пред гости.

шутко | м.

Вол без рогови, шут вол. Во шталата имаше еден шутко.

шутне | св.

Турне со нога; шутира_1_2 Тие ја шутнаа топката неколку пати мислат дека играат фудбал. Таа ги шутна книгите настрана.

шутрак | м.

(разг., пејор.) Глупак, човек што е нетокму, мрднат. Какви шутраци минале во оваа зграда. Од обичен шутрак сторија големец.

шутрикав | прид.

Што е будалест, мрднат, нетокму во умот. Шутрикави деца.