ѓерданестиот | прид.
Зборот е поврзан со:
ѓерданлија | прид.
Со голема гуша. Вол ѓерданлија.
ѓердек | м.
Брачна постела.
ѓерест | прид.
Обично за домашни птици – крупен и убав. Ѓерест петел.
ѓериз | м.
Одводен канал за истекување на нечистотија. Одеа по калдрмата, измиена со запрежни цистерни што служат и за празнење ѓеризи.
ѓиди | изв.
За потсилување при обраќање. Еј, ѓиди, добро мајкино!
ѓоа | чест.
Божем. Појде во кералот, ѓоа по некоја работа и набрзина испи голема голтка ракија
ѓокат | м.
Бел, белузлав коњ. Се друскаше на тенконог ѓокат.
ѓол | м.
Бара, мочуриште; езеро. Светот влезе во ѓол и препка како полноглавците.
ѓомити | прил.