ѓебри | несв.
Тимари, трие со ѓебре.
ѓевгир | м.
Сад со решеткаво, шупливо дно, што служи за цедење, цедилка.
ѓеврек | м.
Вид печиво со прстенеста форма, посипано со сусам. Во десната рака носеше кошница со гурабии, симиди и ѓевреци.
ѓеврекчија | м.
Продавач на ѓевреци.
ѓезве | ср.
Сад со долга рачка во кој се вари кафе. Шета од еден до друг со ѓезвето и им дотура кафе.
ѓем | м.
Кратка метална шипка што му се става на коњот во устата, а со краевите се прицврстува за уздата и служи за управување со коњот.
ѓеран | м.
Направа, лост за вадење вода од бунар. Ѓераните на бунарите се издигаа високо во просторот.
ѓерѓеф | м.
Тркалезна или четвртеста рамка на која се распнува платното што се везе. Пердиња на ѓерѓеф везени и колосани.
ѓердан | м.
Ниска од бисер, злато, скапоцени камења и др., што обично се носи околу вратот, како украс, накит. Златен ѓердан. Бисерен ѓердан.
ѓерданест | прид.
Што е во вид на ѓердан, нанижан како ѓердан.