ѓурултилак | м.
ѓурултија | ж.
Врева, викотница. Тој досега не беше спал ни една ноќ во таква ѓурултија и викотница како ноќеска.
ѓурѓина | ж.
Ѓурѓовден | св.
Христијански и народен празник посветен на Ѓорѓи, кој паѓа на 6 мај (23 април по стариот календар), за кој се врзани многу народни обичаи. Му го зеде детето за момоче до Ѓурѓовден за лира и половина.
ѓурѓовденче | ср.
Повеќегодишно растение со бели мирисливи цветови наредени во грозд; момина солза; Convallaria majalis.
ѓутуре | прил.
Сè заедно, без одделно мерење, броење или делење; топтан. Му плаќаат ѓутуре.
ѓутурица | прил.