ѓубрелив | прид.
За земја, нива и сл. – наѓубрен, што содржи ѓубре.
ѓубреџија | м.
Тој што го чисти и го собира ѓубрето. Ѓубреџиите рано го собраа ѓубрето.
ѓубри | несв.
Потхранува со помош на ѓубре, гнои нива и сл.
ѓубриште | ср.
Место каде што се фрла ѓубрето.
ѓувез | прид.
ѓувезен | прид.
Темноцрвен. Ѓувезни гајтани. Ѓувезно предено.
ѓувезија | ж.
ѓувезлија | прид.
ѓувезно | ср.
Предено, каделка со темноцрвена боја.
ѓувендија | ж.
Танчарка.