ѓувеч | м.
(кул.) Вид јадење со разновиден зеленчук, обично со месо, што се пече во земјен сад.
ѓузел | прид.
Убав, прекрасен. Ѓузел девојче. Ѓузел јунак. Ѓузел става.
ѓул | м.
Вид цвеќе, роза, ружа.
ѓуле | ср.
Граната, топовско зрно. Само топовско ѓуле може да ја отвори оваа врата.
ѓулест | прид.
Што има форма на ѓуле, на топка.
ѓулов | прид.
Што се однесува на ѓул, што е од ѓул, ружин, розов. Ѓулово масло.
ѓум | м.
Голем бакарен сад за вода, ракија, вино, млеко. Го наполни ѓумот со вода. Во раката стегаше ѓум со ракија.
ѓуме | ср.
Скривница покрај мочуриште, бара, река и др. што им служи на ловците за лов на диви гуски и сл.
ѓумрук | м.
Царинарница.
ѓумрукана | ж.
Трошаринска станица, царинарница.