ќофте | ср.
Мелено месо обликувано во топчеста форма и испржено. Вечерта испржи ќофтиња.
ќош | м.
агол_2
ќоше | ср.
ќош_2. Шилест крај на некој предмет кој го образуваат неговите рабови, страни, ѕидови. Едното ќоше на каменот беше поткршено. Стоеше потпрен на ќошето од една куќа. Се удри од ќошето на масата.
ќошлест | прид.
Што има ќошиња, аглест.
ќуд | м.
Нарав, карактер, табиет. Тој имаше поинаква ќуд од другите. Не можеше да ги разбере ќудта и навиките на противникот
ќудлив | прид.
а) Што е со променлива нарав, превртлив, каприциозен. Го сметаа за ќудлив човек и го избегнуваа. б) Што е променлив, непостојан. Ќудлива игра на имагинацијата. Ќудлива слобода.
ќуќур | м.
ќулав | м.
ќулавка | ж.
Цуцулеста капа, дервишка капа.
ќулан | м.
Просторија под амамот, каде што се наоѓа огништето за загревање на амамот.