ќор-сокак | м.

Улица без излез, слепа улица. Патот беше ќорсокак, па мораа да се вратат.

ќор-фишек | м.

Куршум за вежбање чие зрно не содржи смртоносно полнење.

ќорчо | м.

Тој што е ќор.

ќос | прид.

За маж ‒ на кој не му растат мустаќи и брада; што е без влакна. Ќосо лице.

ќос | м.

ќосав | прид.

Ќосав маж. Ќосаво лице.

ќосави | несв.

Станува ќос.

ќосе | ср.

Тој што е ќос.

ќостек | м.

Синџирче за часовник. Имаше голем часовник со сребрени капаци на срмен ќостек.

ќотек | м.

Удирање, тепање за да се предизвика болка (обично како казна, како воспитна мерка и сл.). Добија ќотек ни криви ни должни.