ќ | глас

Глас, безвучна согласка во македонскиот стандарден јазик, тврдонепчена според местото на образување, преградно-теснинска (африкативна) според начинот на образување.

ќаа | м.

ќаба | ж.

Аџилак, посета на муслиманското светилиште Ќаба (Каба) во Мека.

ќаински | прид.

Што припаѓа на ќаја2. Ќаински син.

ќар | м.

Корист, добивка, печалба, заработка; Нема ќар од таа работа.

ќари | св.

Спечали, заработи, добие нешто на лесен начин; искористи. Многу ќари од продажбата. Ниту ќари, ниту зијани.

ќарлија | прид.

Што спечалил, што заработил нешто, што е во добивка. Излезе ќарлија од таа работа.

ќарџија | м.

Тој што е лаком по пари, по заработка.

ќатип | м.

Писар. Општински ќатип. Градски ќатип.