ќурдија | ж.

Машка или женска горна облека, изработена од клашна, без ракави, долга до колената.

ќурк | м.

Долга горна облека опшиена, поставена со крзно.

ќурчија | м.

Занаетчија што изработува ќуркови и кожуви; крзнар, кожувар.

ќурчилак | м.

Ќурчиски занает.

ќурчиски | прид.

Што се однесува, што припаѓа на ќурчија. Ќурчиски занает. Ќурчиски дуќан.

ќускија | ж.

Железен лост од едната страна зашилен, а од другата тап, што се користи за подигнување товар, за правење дупки во земја и др.

ќуспе | ср.

Остатоци од семето на маслодајни растенија откако од него ќе се исцеди маслото.

Ќустендил | м.

Град во Пиринска Македонија, Бугарија.

ќути | несв.

Не зборува, молчи. Тој ќутеше и гледаше во неа.

ќутлив | прид.

Што малку зборува, што не сака многу да зборува; молчалив. Тие беа самотници, повлечени и ќутливи луѓе.