ќелавост | ж.
Состојба на тој што е ќелав. Со капата ја покри косата оретчена до ќелавост.
ќелезанка | ж.
Ќелава глава.
ќелепош | м.
Мала, плитка капа, плетена од памучен конец, што ја покрива ќелата.
ќелепур | м.
Заработка, добивка добиена на лесен начин, без многу труд.
ќелеш | м.
ќелавко.
ќелешко | ср.
ќелиен | прид.
Што се однесува на ќелија.
ќелија | ж.
а) Мала соба во манастир. Манастирска ќелија. б) Мала соба, самица во затвор. Затворска ќелија.
ќелиски | прид.
Што се однесува на ќелија. Ќелиско јадро.
ќемане | ср.
(арх.) Виолина. Свиреше на ќемането сè до првата мугра.