ќебапчиски | прид.

Што се однесува на ќебапчија. Ќебапчиски дуќан.

ќебе | ср.

Покривка изработена од волна или од некој друг сличен материјал. Легна и се покри со ќебето преку глава.

ќебест | прид.

Што прилега на ќебе. Ќебеста постава.

ќедер | м.

Штета, несреќа. При првите пушки се разбегаа и никаков ќедар не направија.

ќезап | м.

Азотна киселина.

ќела | ж.

Место на главата каде што испаѓала косата, теме без коса. Малкуте влакна му ја покриваа ќелата.

ќелав | прид.

Што е без коса, што има ќела. Низ вратата се покажа една ќелава глава.

ќелави | несв.

Станува ќелав. Рано почна да ќелави.

ќелавко | м.

Тој што е ќелав.