ќерамида | ж.

Плочка од печена глина во правоаголна извиена форма или во форма на корито и сл. што служи како градежен материјал за покривање објекти, покриви. Куќите му се покриени со ќерамиди.

ќерамиден | прид.

Што е од ќерамида. Ќерамиден покрив.

ќерамидница | ж.

Работилница за изработка на ќерамиди.

ќерамидџија | м.

Тој што изработува и продава ќерамиди.

ќерамитка | ж.

ќерамида.

ќерана | ж.

Работилница, обично фурнаџиска, каде што се меси лебот и др.

ќеранеџија | м.

Тој што работи во ќерана.

ќерата | м.

Неранимајко, нечесен, расипан човек. Ти, ќерата, сакаш од нас пари да земеш?

ќердоса | св.

Постигне успех, среќа во животот, стане успешен, се збогати.