ќеревиз | м.
ќересте | ср.
Дрвен градежен материјал, дрвена граѓа.
ќерестеџија | м.
Тој што тргува со дрвена граѓа.
ќерестеџилница | ж.
Место каде што се продава ќересте.
ќерка | ж.
Женско дете во однос на своите родители.
ќеркин | прид.
Што припаѓа на ќерка. Ќеркините очи.
ќеркински | прид.
Што ѝ прилега на ќерка. Ќеркинска послушност.
ќерпич | м.
Непечена тула; плитар. Куќата е изградена од камен и ќерпич.
ќеса | ж.
ќесе | ср.
Торбичка изработена од најлон, платно, хартија и сл. Најлонско ќесе. Зема едно јаболко од ќесето. Ќесе тутун.