џубе | ср.
Дел од народната носија; горна облека без ракави, изработена од клашна или чоја.
џубокс | м.
Автоматска направа, обично поставена на јавно место, која овозможува откако ќе се пуштат пари да се слуша избраната песна. Во кафулето свиреше гласна музика од џубоксот.
џувап | м.
џудо | ср.
Јапонски борачки спорт, сличен на џиу-џицу, како вештина за самоодбрана и метод за физички и психички развој.
џуздан | м.
Ќесе за пари, паричник. Од џебот на панталоните го извади џузданот.
џукела | ж.
Куче без педигре, куче скитник.
џул | м.
Мерна единица за работа, енергија и количина топлина, која одговара на работата што ја извршува сила од еден њутн на пат од еден метар, а еден њутн е производ од еден кг. маса и забрзување од 1м/сек; симбол J.
џумбуш | м.
Веселба, забава. Се распиштолија и настроија за џумбуш и веселба.
џумбушлија | прид.
Што е весел, секогаш расположен за шега.
џумка | ж.
Оток добиен од силен удар или од некое заболување, најчесто во пределот на главата. Од тепачката имаше голема џумка на главата. По ударот на челото му израсна џумка.