џоница | ж.
џонка | ж.
Вид дрвен едреник со висока крма, што се користи за пловење на блиски растојанија во Југоисточна Азија.
Џорџија | ж.
Сојузна држава во САД.
Џорџ Таун | м.
Главен град на Гвајана.
џотка | несв.
џотне | св.
Стави, бутне, вотне, пикне, зафрли.
џрџа | несв.
Обилно тече, грга. Џрџаат шепурките и пена прска на камењето.
џрџне | св.
Потече во силен млаз, гргне. Одеднаш од носот му џрџна крв.
џрџори | несв.
Обилно тече, грга со шум; џрџа. Ако не џрџори, ќе капе.
Џуба | ж.
Главен град на Јужен Судан.