џамџија | м.
Стаклар, стаклорезец.
џан | м.
Душа, живот.
џанабет | м.
Несреќник;
џанам | чест.
За поттикнување, возразување, негодување при обраќање. Ајде, ајде, џанам, не се горешти, пак ќе се видиме. Се разбра работата, џанам. Не џанам, за тоа не му се плашам.
џангарак | м.
Ѕвонче, прапорец. Околу вратот џангарак му џангори.
џангори | несв.
Тропа, ѕвони.
џандар | м.
жандарм.
џандарм | м.
џандармерија | ж.
џандрлив | прид.
Што е склон кон кавги, што на сè наоѓа мана, забелешка. Тој е џандрлив човек, тешко дека ќе се договорите.