џанка | ж.
Вид слива со поситни жолти, црвени или модри тркалезни плодови; Prunus myrobalana.
џан-џин | изв.
Само во изразот нема џан-џин – жива душа нема, нема никој. Џан-џин по сокациве.
џапа се | несв.
Се расправа, се буни, негодува поради нешто. Ај ти не џапај се, можеме и без викотница. Попусто се џапал, тие двајцата биле посилни.
џапне | св.
Земе нешто набрзина. Му ги џапна парите од раце и избега.
џари се | несв.
Се загледува во нешто или некого; зјапа. Нервозно се џареше наоколу. Без срам се џареше во девојката.
џарка | несв.
Потсилува, распретува оган да се поразгори. Го џаркаше огнот за да разгори.
џарне | св.
џафкало | ср.
џбара | несв.
Бара, допира потамина. Залудно џбарав во темнината. Нервозно џбара во џебовите.
џбарка | несв.