Резултати за пребарувањето: ар
попара | ж.
Издробен сув леб попарен со врела вода со масло и сл., или во млеко, чај и др.
попара | св.
Пара малку, кратко време;
сафари | ср.
Странска истражувачка или ловечка експедиција во Африка во која учествува домородното население како носачи на товар и оружје.
бархет | м.
Вид памучна ткаенина со ленена основа; Порхет. Пижамата е од бархет.
Мостар | м.
Град во Босна и Херцеговина.
гомнар | м.
Никаквец. Гомнар еден, ти ќе ми кажуваш што да правам!
мливар | м.
Тој што носи мливо во мелница.
навари | св.
(само 3 л.) Набабри при варењето (за грав, ориз и др.).
голтар | м.
Сиромашен, беден човек. Знам нема да се здружиш со голтари и легачи на кои им тежи мотиката. Додека бев голтар, никој не ме мразеше.
кармин | м.
Интензивна, светлоцрвена боја. Купи три фустани, бел, зелен и кармин.