Резултати за пребарувањето: ар
видар | м.
Човек што лекува со народски лекови.
водар | м.
Лице што носи вода за пиење. На чешмата имаше многу водари.
зарие | св.
Почне да рие. Свињата зари во бавчата, ама ја истеравме.
аргач | м.
Простор пред трло ограден со прачки каде што се чува ситен добиток, обично овци. Овците останаа сами во аргачот, пред колибата.
зарад | предл.
аргат | м.
Наемен работник. Аргатите се враќаа од полето. Аргатот стискаше в раце едно парче сув пченкарник. Немаше што да работи, та се стори аргатин.
Задар | м.
Приморски град во Хрватска.
вжари | св.
Усвити, загрее, доведе до состојба на жар. Ковачот го вжари железото и почна да го кове.
астар | м.
Постава; ткаенина за постава.
возар | м.
Тој што вози, превозува, што работи со запрежно возило. Стар возар. Селски возари.