Резултати за пребарувањето: ар

превари 2 | св.

Престигне, престаса некого со одење, со трчање. Тој ги превари другарите пред влезот на селото. Ве преварив зашто одев по пократкиот пат.

комесар | м.

Лице на кое му е доверена специјална должност; повереник. Тој ќе биде комесар за прехрана.

чивитар | м.

Продавач на чивит.

коматар | м.

Човек што многу јаде, изеслив човек. Овој коматаров цела фурна изеде.

маргина | ж.

Неиспишан простор на рабовите од листови хартија. На маргините на книгата имаше белешки со ситен ракопис.

домашар | м.

(разг.) Тој што сака да седи дома. Нејзиниот маж е домашар. Ние со мажот ми сме домашари.

комарец | м.

Вид двокрилен инсект со тенко тело и долги нозе што ја цица крвта на луѓето и на животните; Culex pipiens. Маларични комарци. Цела ноќ комарците брмчеа и го касаа.