Резултати за пребарувањето: ар
прошари | св.
Направи понекаде да стане шарено, со поинаква боја од основната. Девојката го прошари платното во основата со тенки црвени нитки. Таа го прошари везот со златни конци.
мочарка | ж.
Мокро, влажно место, бара. Децата ставаа примки за зајаци и еребици по мочарките во ливадите.
шаргија | ж.
Голема тамбура со повеќе жици. Стара шаргија.
дојарка | ж.
пробари | св.
Бари малку, кратко време, набрзина. Зеленчукот го исечка и го пробари.
кокарда | ж.
Метална значка на службена шапка.
пробара | св.
Побара малку, набрзина, згора-згора; Пробара по џебовите и го најде клучот.
мародер | м.
Лице што ограбува загинати и ранети војници.
џивџаре | ср.
шалвари | и.
Вид облека што го покрива долниот дел на телото, долги и широки панталони со ногавици собрани на глуждовите. Свилени шалвари. Модерни шалвари со цветен дезен. Шалварите од Турција се изработени од свила и имаат разнобојни дезени.