Резултати за пребарувањето: ар

жабар 1 | м.

Лице што лови, фаќа жаби.

габар | м.

Човек што собира габи. По дождот излегоа габарите да берат габи.

карго | м.

Бродски товар; товар воопшто.

карма 1 | ж.

Наредени дрва. Порано мажите одеа в планина, сечеа дрва и ги редеа на карма.

карчо | м.

Назив за коњ или вол со црни влакна по телото.

кенар | м.

Вид подебел памучен конец со кој се везе платното за да зајакне.

варди | несв.

Внимава, демне, следи. Ќе треба овде да останеме и да вардиме на народот.

арсен | м.

Хемиски елемент, еден од најсилните отрови; симбол As.

домар | м.

Лице што се грижи за одржување на дом, куќа, простории и сл. Клучевите се кај домарот.

долар | м.

Парична единица во САД, Канада и др. земји. Кога дошле тука, со по некој долар, за првпат во животот виделе филм.