Резултати за пребарувањето: ар

арен | прид.

Добар. Арен човек. Арна работа.

арпа | ж.

Нелупен ориз. Го мереа степенот на влажност на арпата.

зарф | м.

Метална тацна за филџан.

жари | несв.

Гори, пече, доведува нешто во состојба на жар. Ковачот ја жареше косата за да ја клепа.

заре | сврз.

Ако спиеш, разбуди се зер ти идат добри гости

итар | прид.

Што е паметен, интелигентен, умен. Итар си ти, ќе знаеш како да постапиш.

арач | м.

Данок што се собирал во времето на османската власт од немуслиманското население. Собираа арач по една лира од глава.

арка | ж.

Брод со кој, според Библијата, се спасил Ное од потопот.

арчи | несв.

Троши пари. Сите пари ги арчеше за храна. Таа многу арчеше за фустани.

арго | ср.

Таен јазик на еден социјален слој или на група луѓе неразбирлив за другите.