Резултати за пребарувањето: ар

наруча | св.

Даде некому да руча, даде ручек. Им меси пита и убаво ги наруча децата.

нарцис | м.

Украсно растение со луковичав корен и со бели или жолти цветови со пријатен мирис; Narcissus L.

нашари | св.

Направи нешто да биде шарено, со шарење украси. Стомната ја нашари со разни цветчиња.

вајкар | м.

Вткаени линии по должината на платното, по основата.

закара | св.

Почне да кара, да укорува некого; кара Мајка благо нè закара оти доцна се вративме дома.

картоп | м.

Вид украсно дрво, со бели топчести цветови, чија кора се употребува како лек; Viburnum opulus.

нарони | св.

Изрони доволно, колку што е потребно.

картеч | м.

Вид топовска граната исполнета со топчиња што при пукање се распрскуваат.

Картум | м.

Главен град на Судан.

испари | св.

Се претвори во пареа, мине во гасовита состојба. Водата испари од тенџерето. Испари мирисот од шишенцето.