Резултати за пребарувањето: ар
јарица | ж.
Млада кокошка која сè уште не почнала да несе јајца;
јарина | ж.
Волна од јагне или од овца при повторното стрижење.
окулар | м.
Собирна леќа во дурбин или во микроскоп којашто има улога на лупа за набљудување на одразот добиен со прекршување на светлината.
оризар | м.
Произведувач на ориз.
болјар | м.
Феудален земјопоседник, припадник на повисокиот слој на феудалната класа во Русија и во некои други земји; големец, великаш, властелин. Некој угледен влашки болјар ги поканил на гости.
капари | св.
Ја капаривме куќата.
зажари | св.
Направи нешто многу да се загрее, да се усвити; вжешти. Ја зажари печката и ги седна децата околу неа да се греат. Ковачот го зажари парчето железо и почна да го кове.
дударе | ср.
(дијал.) Вид земјен сад за пиење вода; барде. Го скрши дударето.
автарх | м.
Деспот, апсолутист, самодржец.
клисар | м.
Црковен служител. Клисарот ја удри големата камбана.