Резултати за пребарувањето: ар

кармин | м.

Интензивна, светлоцрвена боја. Купи три фустани, бел, зелен и кармин.

зелјар | м.

Тој што сака да јаде зелје, спанаќ и сл. Тој месо не сака да види, но затоа е голем зелјар.

попара | св.

Пара малку, кратко време;

плакар | м.

Дел од мебел, вграден орман в ѕид, со врата и рафтови.

грнчар | м.

Човек што се занимава со грнчарство.

марина | ж.

Пристаниште што служи за закотвување јахти, глисери, чамци, едрилици и сл., обично во туристички места.

писоар | м.

Машки клозет за мала нужда.

змијар | м.

Тој што фаќа змии.

плитар | м.

Непечена тула, ќерпич. Ѕид од плитари.

грашар | м.

Тој што многу сака грав или грашок.