Резултати за пребарувањето: а
ткае | несв.
Изработува платно, килим, јамболлија, простирки и др. на разбој или на машина од конец, предено и сл. Жените предеа волна и ткаеја јамболлии. Невестата ткаеше на разбој.
луна 2 | ж.
Назив за месечина. Жолта луна. Златна луна.
лоџа | ж.
Полуотворен трем; галерија со лакови. Панорамата од зад сводовите на балконската лоџа беше уште поубава.
гаѓа | несв.
Нишани, стрела, пука, цели во мета со огнено оружје или со некаков предмет. Сите наредени, еден по еден, гаѓаа во метата. Го гаѓаа песот со камења.
саат | м.
(разг.) Единица за време еднаква на шеесет минути; час. Три саати. Неколку саати. За еден саат тргнуваме.
руча | св. и несв.
Изеде, јаде ручек. Аргатите седнаа да ручаат. Гостите ручаа пастрмка на скара. Секој петок тој руча посен грав.
саан | м.
Поголем плиток бакарен сад. Бакарен саан. Полн саан со туршија. Изнесе саан со сирење.
рани
Зборот е поврзан со:
саем | м.
Повремена средба, на едно место и во определено време, на продавачи на стоки и услуги заради излагање на определени или на различни производи (саем на автомобили, саем на техника) и заради склучување трговски зделки.
дреа | ж.