Резултати за пребарувањето: а
чалма | ж.
Платнен завој околу фесот кај муслиманите.
чанак | м.
Длабок дрвен или земјен сад за јадење, за толчење лук, пиперки и сл. Дрвен чанак со пинџур. Ги тури јајцата во земјен чанак.
чаура | ж.
(бот., зоол.) Обвивка кај некои организми или нивни органи.
чирав | прид.
Што има чиреви по телото.
чакал 1 | м.
Вид диво куче; Canis aureus.
кашка | несв.
Валка (обично со кал). Секогаш ги кашкаше панталоните кога врне дожд.
чакал 2 | м.
Ситен кршен камен. Го зеле ангарија да крши чакал по џадињата.
цртан | прид.
Што е насликан, уметнички претставен. Цртан филм.
гатер | м.
Машина за сечење, бичење дрва; машинска пила со повеќе сечила.
цртач | м.
Тој што црта, што изработува цртежи. Талентиран цртач.