Резултати за пребарувањето: а

уплав | м.

Престрашеност, претрпен голем страв. Има уплав од темница. На штрек и со уплави го врвевме времето.

вотка | ж.

Вид руски алкохолен пијалак, ракија. Испивме по една вотка. Ја допи вотката од чашата.

набој 1 | м.

Набиено место, оток на стапалото, на петицата.

запад | м.

Една од четирите страни на светот на која заоѓа сонцето; спрот: исток. Сонцето веќе сврте кон запад. На запад од градот се простираат овоштарници.

адски | прид.

Зборот е поврзан со:

устав 2 | м.

Старинско писмо со главни букви.

утман | м.

(зоол.) Вид риба, клен; Leuciscus cephalus. Се прави рибар, а утман не може да улови.

габар | м.

Човек што собира габи. По дождот излегоа габарите да берат габи.

фазла | прил.

Отповеќе, повеќе од определеното, од потребното. Фазла пари. И не ми рече (таа) ниту еден лаф фазла. Јас немам фазла животи.

фајде | ср.

(разг.) Корист, интерес. Од тоа нема фајде? Кога видела дека нема фајде, си заминала.