Резултати за пребарувањето: а
цупка | несв.
Потскокнува, подрипнува. Детето цупкаше по тревата.
цутка | ж.
наеро | прил.
Накривено, настрането. Капата му е наеро. Ја ставил шапката наеро.
диода | ж.
Електронска цевка со две електроди: катода и анода.
чабав | прид.
Што е ветов, поцрнет, потемнет, покриен со саѓи, исчаден. Чабав кожув.
дипла | ж.
Набор, фалта (на здолниште). Надолу паѓаше во богати дипли. Скутник од три дипли.
чаден | прид.
Што бил изложен на чад. Чадени колбаси. Чадено месо.
црнка 1 | ж.
наказ | м.
Казна – во изразите: наказ божји, наказ од бога.
чапја | ж.
Преселна птица што живее на блатно земјиште, бела или сива, слична на штрк; Ardea.