Резултати за пребарувањето: а
лај | м.
ав! | изв.
За имитирање, подражавање на кучешко лаење. Ав, ав– кутрето лае.
лак 2 | м.
Течна, густа материја во различни бои, добиена од природна или вештачка смола, што се мачка на предметите во тенок слој, им дава сјај и ги заштитува. Лак за дрво.
ава | ж.
Воздух. Да излеземе на ава.
нај | чест.
Со суперлативно значење во изрази со негиран глагол: нај не го сака, нај не им дава, нај не се чита; по2, по-2.
нар 2 | м.
Легло од штици наредени на дрвени ногалки. Седнаа скрснозе на наровите и ги зачадија чибуците.
наш | зам. прид.
Што ни припаѓа нам. Нашата куќа. Оваа кола е наша.
ада | ж.
Речен или езерски остров. На адата има два извора.
бал | м.
Свечена вечерна игранка само за поканети гости, обично во сала. Кнегиницата ми помага да го направам балов повесел и поубав.
ора | несв.
Обработува плодна земја со рало, со плуг или со трактор со цел да се раситни земјата и да се подготви за сеење. Цел ден ја ораше нивата со тракторот.